30-дневен притвор за четворица од напаѓачите на Зијадин Села

Од:

На предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка им определи мерка 30-дневен притвор на четворицата напаѓачи на пратеникот Зијадин Села.

Четворицата се наоѓаат под истрага за сторено кривично дело убиство во обид, што како соизвршители го сториле на 27 април во македонското Собрание, согласно член 123, а во врска со член 19 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

За петтото лице, за кое обвинителството, исто така, предложи определување мерка притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

А1он

Села: Алијанса за Албанците припаѓа на основачите, се враќа нa корените

А1он

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он