Средба Трамп-Ципрас: Грција и САД се одлични и лојални пријатели и сојузници

Од:

Грција „помина низ многу“ и сега мора да и се помогне во нејзините напори за излез од кризата, рече американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Белата куќа.

– Тие направија одлична работа за враќање, тие ќе се вратат. Работиме со нив на многу различни работи. Тие ги надградуваат своите флоти, нивните авиони, авионот Ф-16 кој е одличен авион. Тргуваме со Грција и ќе имаме неколку состаноци веднаш по овој, рече тој, додавајќи дека делегациите ќе одржат повеќе средби и работен ручек.

– Ќе зборуваме за дополнителни начини на кои Грција може да ни помогне и ние ќе и помогнеме на Грција. Имавме долгорочни односи со Грција, тие беа одлични пријатели и лојални пријатели и сојузници, изјави Трамп и истакна дека со нетрпение ја чекал денешната средба со Ципрас.

Грчкиот премиер, од своја страна, му се заблагодари на американскиот претседател за поканата, истакнувајќи дека тоа е важен момент за стратешката соработка меѓу двете земји.

– Сигурен сум дека денеска ќе имаме многу плодна дискусија. Мислам дека е многу важен момент за нашата стратешка соработка и сигурен сум ќе направиме се што е потребно за да ја подобриме оваа соработка, рече Ципрас.

– Грција е стратешки партнер во многу чувствителен регион. Но секој пат е партнер на кој САД може да се потпре. Делиме заеднички вредности, не заборавајте дека вредностите на слободата и демократијата што ги делиме се родени во Грција, и јас сум многу среќен што сум тука, тоа е чест за мене, додаде тој.

Ципрас и Трамп ќе разговараат за широк спектар прашања, вклучувајќи соработка во одбраната, економски инвестиции, регионални случувања и енергија.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот