Намиб (пространо место) е голема пустина во југозападниот дел на Африка, која зафаќа површина од околу 50.000 квадратни километри, простирајќи се на околу 1.600 километри долж Атлантскиот Океан на крајбрежјата на Ангола, Намибија и Јужна Африка.
Освен што излегува на море, оваа пустина се смета дека е најстарата во светот.
Нејзината неплодност е предизвикана од остриот, сув воздух, кој го разладува студената струја Бенгела, која тече долж брегот. Пустината има помалку од 10 мм дожд на годишно ниво и речиси е целосно неплодна.
Иако пустината е речиси ненаселена и непристапна, постојат повремени населби во Сесрием, во близина на познатитот Сосусвла и големи групи песочни дини, кои со висина до 340 метри, се најголемите песочни дини во светот.
„Морската пустина“ Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни (безрбетници, влечуги и цицачи), кои буквално живеат од магла, бидејќи тоа е единствен извор на вода.
Пустината Намиб е ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство во Африка во 2013 година како „единствена приморска пустина во светот, каде на пространите песочни полиња од дини дејствува магла“.