ВИДЕО: Лувр отвора свој музеј во Абу Даби

Од:

– Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отвори својата галерија во Абу Даби, речиси 11 години откако Франција и Обединетите Арапски Емирати го потпишаа договорот за изградба.

Како што јавуваат локалните медиуми, музејот во престолнината на Емиратите ќе има 700 експонати, воглавно позајмени од парискиот Лувр. Се работи за прв „одгранок“ на Лувр вон Франција.

Абу Даби на Франција и исплати 445,2 милиони евра за правото на користење на називот Лувр, и дополнителни 636 милиони евра за француски стручњаци и менаџери задолжени за уметничките дела.

Зданието го краси 180 метри висок свод кој има 8.000 метални делови. Тоа е дело на францускиот архитект Жан Нувел кој истакнува дека таквите сводови се главен симбол на арапската архитектура.

Празнините во куполата овозможуваат светлината да биде присутна преку цел ден.

Новиот музеј е сместен на островот Садијат и изгледа како да плови во Персискиот Залив.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска