Кампања на Фондацијата Фридрих Еберт и МППС за борба против сиромаштијата

Од:

Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје и Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштијата и најавија заедничка годишна кампања која ќе трае 365 дена со цел континуирано подигнување на свеста на граѓаните.

– Во услови кога секое трето лице во Република Македонија се смета за сиромашно, државните институции, организациите од граѓанскиот сектор, меѓународните организации како и сите граѓани не смеат да бидат пасивни актери во борбата против сиромаштијата. Владата, а посебно Министерството за труд и социјална политика овој проблем го поставија високо на агендата на Владината и на програмата на ресорното министерство, но потребна е прецизна координираност со локалните самоуправи и со организациите кои ја имаат експертизата за решавање на проблемот со сиромаштијата, се вели во соопштението од Фондацијата Фридрих Еберт и МППС.

Во следните 365 дена МППС, поддржана од Фондацијата ќе го почне и процесот на мониторинг и на програмите кои, како што се наведува, во изминатите години беа најавувани од општините и на ветувањата кои ги дадоа градоначалниците за време на локалните избори.

– Мониторинг ќе се изврши и на програмите кои ги има и МТСП, а заеднички ќе се идентификуваат начините како најдобро и најефикасно да се координираат тековните процеси на намалување на сиромаштијата во државата, стои во соопштението од Фондацијата Фридрих Еберт и МППС.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он