Проштална средба на Димитров со словачкиот амбасадор во Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со словачкиот амбасадор во земјава Мартин Безак.

Димитров изразил високо уважување за соработката со Словачка и за личниот придонес на амбасадорот Безак во продлабочувањето на македонско-словачките односи за време на неговата дипломатска мисија во Македонија, како и за активностите за време на словачкото претседавање со Советот на ЕУ минатата година, соопшти МНР.

Осврнувајќи се и на европската и евроатлантската интеграција на земјава, Димитров се заблагодарил за словачката политичка поддршка, но и конкретната помош за Македонија, насочена кон зголемување на подготвеноста на институциите и администрацијата во процесот на пристапните преговори со ЕУ.

Како што се наведува во соопштението на МНР, во знак на благодарност за неговиот активен ангажман, од името на Министерството за надворешни работи, на амбасадорот Безак му било врачено почесно признание – плакета.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија