Илијев: Победи демократијата во Кочани

Од:

Кочани ја искористи историската шанса и гласаше фер и слободно. На овие избори покажавме дека можеме да бидеме пример за демократско однесување. Задоволен сум што до гласачите стигна мојата порака – дека се е минливо и менливо и дека човечноста и мирот треба да бидат постојани, рече на денешната прес-конференција Николчо Илијев од редовите на СДСМ и колаицијата „Живот за Македонија“ кој на вчерашните локални избори стана нов градоначалник на Кочани.

Резултатот што го постигнавме, рече, е убедлива победа во корист на сите граѓани што сакаат заеднички да градиме подобар живот.

– Ви благодарам на сите коишто во мене препознавте човек со одговорност којшто може да ја води Општината во наредниот период, истакна Илијев.

Сега имаме шанса истакна тој, со компромис и толеранција да градиме хармонија во нашата заедница. Без омраза, гнев и страв – да ја намалиме политичката поларизација. Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина: професионалност, одговорност, отвореност, отчетност. Само така, ќе изградиме подобар живот за сите во Кочани, истакна Илијев.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори