(ВИДЕО) ОБСЕ/ОДИХР: Локалните избори беа конкурентни, со почитување на темелните слободи

Од:

Локалните избори во Република Македонија беа конкурентни, темелните слободи почитувани и покрај кредибилни наводи за прекршоци, соопштија на денешната прес-конференција меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.

– Одржувањето на локалните избори на 15 октомври во ПЈР Македонија придонесе кон зајакнување на довербата во демократскиот процес. Изборите се одржаа во конкурентно опкружување каде кандидатите генерално можеа да водат кампања без ограничувања, а темелните слободи на здружување и изразување беа севкупно почитувани. Некои кредибилни наводи за купување гласови, притисок врз гласачите и изолирани случаи на насилство се случија во предизборниот период. Мониторираните медиуми понудија непристрасно покривање на натпреварувачите и ја потпомогнаа можноста за политичка дебата. Иако беа воочени некои процедурални нерегуларности, изборниот ден главно протече уредно, наведоа набљудувачите во нивната прелиминарна изјава за изборите.

Карим Ван Овермеире, шеф на делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при СЕ, истакна дека вчерашните избори беа добро организирани, севкупно мирни и генерално во согласност со меѓународните стандарди.

-Се надеваме дека ова ќе биде придонес за натамошен одржлив развој на локално ниво за да се подобрат животните услови за сите граѓани, рече Ван Овермеире.

Одри Гловер, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, истакна дека иако процесот се уште не е завршен, на овие избори е забележан напредок во демократскиот процес во земјата и оти довербата на гласачите во изборниот процес расте.

– Се надеваме дека ова ќе продолжи и во вториот круг, рече амбасадорката Гловер.

Во однос на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности, претставниците на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа со став дека избори без неправилности се невозможни. Сепак, сметаат дека севкупната слика покажува дека ова беа добро организирани и мирни избори, а доколку има фактички докази за нерегуларности набљудувачите на ОБСЕ ќе ги следат, како и евентуалното покренување постапки.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ