ДУИ: Локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека вчерашниот изборен процес мина во фер и демократска атмосфера.

Како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Централниот изборен штаб Арбр Адеми, повеќе од сто илјади избирачи и ја дале поддршката на ДУИ.

– Денеска и Државната изборна комисија (ДИК) потврди дека ДУИ е прва и партија со најголема поддршка во Кичево, Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај, Липково, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Долнени, Пласница, Желино и на речиси сите совети во општините каде што имавме свои кандидати, истакна Адеми.

ДУИ во вториот круг очекува победа и во Струга.

– Оваа апсолутна волја на граѓаните во соодветните општини заеднички ќе ја потврдиме во вториот круг и како што бевме транспарентни до денес и во целосна соработка со граѓаните, така ќе продолжиме до конечната победа на 29 октомври, нагласи портпаролот Адеми.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори