(ВИДЕО) Јованоски: Победија сите граѓани на Општина Прилеп

Од:

„Ви благодариме за вашата одважност на вчерашниот најважен ден за демократијата во Република Македонија.
Ви ја честитам победата, Вам на сите граѓани на општина Прилеп. Победивте вие, граѓаните на Прилеп.

15 октомври е празник за демократијата и пример за мирно, слободно и достоинствено изразување на правото на глас на секој граѓанин на државата.

Вака изгледа Прилеп и цела Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски.

Заедно ја заокруживме демократската промена во Прилеп.

Како градоначалник на Прилеп, заедно со вас сега ја започнуваме битката за враќање на демократијата во институциите, за економски развој, за нови работни места, за враќање на младите од странство, за подобри услови за живот во градот и сите населени места!

Започнуваме со работа за сите ветени проекти.

Заедно на Граѓанскиот парламент што ќе го формираме заедно, ќе ги дефинираме приоритетите.

Македонци, Роми, Срби, Бошњаци, Албанци, Турци, Власи … завршија делбите и поделбите, заврши дискриминацијата.
Од денеска сите сме исти пред законот, со исти права и одговорности.

Ќе работиме заедно на подобра иднина, за развој на Прилеп, до остварување на заложбите, за живот во Прилеп за сите, во граѓанско општество, што веќе почнува да чекори кон европските перспективи и сигурна иднина во евроатланските интеграции“, изјави новиот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ