Хуманитарна акција за помош на загрозените семејства во Куманово

Од:

По повод Светскиот Ден на борба против гладот 16 октомври и Недела на борба против гладот која се оддржува под мотото „Помислете и на нас” Црвен крст, Куманово спроведува кампања за помош на најсиромашните граѓани.

Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Куманово.

– Црвен крст Куманово упатува апел до граѓаните, фирмите, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Куманово, во Неделата на борба против гладта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изјави Бојан Петрушевски секретар на општинската организација на Црвениот Крст.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.

– Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој се грижи за нив, изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски