Фолклорниот ансамбл „Кочани“ од Кочани викендов учествуваше на Меѓунардониот балкански фолклорен фестивал во Приштина, Република Косово кој се одржа по втор пат.
Раководител на фолклорниот ансамбл Тони Манасиев, рече дека на Балкански фолклорен фестивал во Приштина настапиле како претставници од Македонија и се преставилме со две ора: сплетот овчеполка и женското оро Лазаринки.
– Од страна на стручното жири добивме две награди од кои едната е за кореографија, а другата за изведба на женското оро Лазаринки, изјави Манасиев.
Покрај преставниците од Македонија на фестивалот настапиле и фолклорни групи од Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Турција и Романија.
До крајот на овој месец за кочанските фолклористи следува гостување во Словенија на фестивал во Јесенице.