СДСМ победи во Крива Паланка, Кратово и Ранковце

Од:

Кандидатите за градоначалници од Коалицијата за локални избори 2017, предводена од СДСМ, според првичните резултати доставени до ДИК, остварија победа во Крива Паланка, Кратово и Ранковце на вчерашните шести по ред, локални избори во државата.

Борјанчо Мицевски од СДСМ ќе биде нов градоначалник на Крива Паланка.

-Кандидатот на СДСМ Мицевски, освои 7.059 гласа и е победник на изборите, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Арсенчо Алексовски освои 4.662 гласа. Мнозинството во општинскиот Совет исто така им припадна на СДСМ и коалицијата кои ќе имаат 12 советници, а пак ВМРО -ДПМНЕ освои 7 советнички места, изјави Душкo Арсовски претседател на ОИК Крива Паланка.

Излезеноста во Крива Паланка изнесува 74,92 отсто, а гласале вкупно 12.169 гласачи.

Во општина Ранковце нов градоначалник ќе биде Ивица Тошевски, кој настапи како независен кандидат.

-Ивица Тошевски, независен кандидат поддржан од Коалицијата на СДСМ освои 1472 гласа, додека 958 гласа освои Роберт Симоновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Советничкиот состав рамноправно е поделен на сите, по тројца советници ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и група изббирачи „Димитар Цветковски”, иформира Даниел Крстевски, претседател на ОИК.

Излезеноста во општина Ранковце изнесува 81,64 отсто ,а гласале 2.526 гласачи.

Нема приговори до ОИК и ДИК по однос и на резултатите во Кратово. Победник на локалните избори е Љупчо Бојаџиев, кандидат од СДСМ и коалицијата.

-Најмногу гласови освои Љупчо Бојаџиев до СДСМ, 3.384, наспроти Мите Андоновски до ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 2.274 гласа. СДСМ ќе го предводи и мнозинството во општинскиот Совет, со девет советици, додека ВМРО-ДПМНЕ освои шест советнички манадати, информира Марија Петковска, претседател на ОИК, Кратово. Во Кратово гласале вкупно 5.925 гласачи, а излезеноста е 71, 54 отсто.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината