СДСМ и коалицијата победи во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валадово

Од:

Во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, според првичните резултати кои од страна на општинските изборни комисии се доставени до ДИК, на вчерашните локални избори градоначалници уште во првиот изборен круг станаа кандидатите на СДСМ и коалицијата.

Нов градоначалник на општина Гевгелија е Сашо Поцков од СДСМ со освоени 8.345 гласови пред Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 5.982 гласови. Излезеноста на гласачите во општина Гевгелија изнесува 79 проценти односно своето гласачко право го искористиле 15.297 граѓани.

Во општина Богданци, Блаже Шапов од СДСМ освои 2.800 гласови и стана нов градоначалник. Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Роглев освои 2.031 гласови. Во општина Богданци е регистрирана излезеност од 73,5 отсто, поточно гласачкото право го искористиле 5.057 граѓани.

Градоначалник на општина Дојран стана Анго Ангов од СДСМ кој со овоени 1.258 гласови победи пред Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 681 глас. Излезеноста во општина Дојран изнесува 78,5 отсто или гласачкото право го искористиле 2.162 граѓани.

Нов градоначалник доби и општина Валандово. Тоа е Перо Костадинов од СДСМ кој овои 4.074 гласови пред Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 2.734 гласови. Гласачкото право на локалните избори во општина Валандово го искористиле 7.366 граѓани со излезенот од 72,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори