Државната изборна комисија досега има обработено 76,50 проценти од гласовите за градоначалник на Скопје. Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ и Коалицијата убедливо води пред Коце Трајановски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Според податоците на ДИК за Шилегов гласале 101.738 или 49,75 од гласачите, а за Трајановски гласале 72.774 или 35,39 проценти од гласачите.
Со овие досега обработени податоци разликата меѓу Шилегов и Трајановски е 28.964 гласа.