Двојна победа на СДСМ во Охрид, Јован Стојаноски е новиот градоначалник

Од:

Јован Стојаноски од Коалицијата „Живот за Македонија“ предводена од СДСМ е идниот градоначалник на Охрид. Според првичните официјални податоци на Државната изборна комисија, Стојаноски од вкупно излезените 33.754 граѓани на изборите освоил 18,251 глас или 54,07 проценти што е доволно за победа во првиот круг.

Коалицијата предводена од СДСМ победи и во трката за советнички места во идниот состав на советот на општината, со освоени 15.198, пред ВМРО ДПМНЕ со освоени 12.871 гласови. Тука се уште и листите на коалицијата ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците со освоени 2.643 гласа, листата на независниот советник Љупчо Настоски со 1.180 гласа и онаа на ДПА со 323 гласа.

Каков ќе биде распоредот во идниот состав на 23-члениот совет на Охрид ќе покажат конечните официјални резултати на ДИК.

Приврзаниците и симпатизерите на СДСМ уште ноќеска славеа победа низ улиците на Охрид. На градскиот плоштад прво обраќање пред своите поддржувачи имаше и новиот градоначалник Стојаноски кој им заблагодари на охриѓани за укажаната доверба и вети дека уште од првиот ден од стапувањето на функцијата ќе започне со работа на реализација на дадените предизборни ветувања.

Победа во првиот круг Коалицијата предводена од СДСМ оствари и во соседната општина Дебрца, каде уште синоќа беше прогласен новиот градоаначалник Зоран Ногачески.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори