Кирацовски: За првпат по десет години имавме фер и демократски избори

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на првата прес конференција по затворање на гласачките места изрази задоволство поради мирниот тек на изборниот процес изразувајќи увереност дека резултатите ќе ја потврдат желбата за промени. Тој немаше се уште информации за резултатите од изборите.

Кирацовски рече дека Република Македонија за првпат после десет години има фер и демократски избори.

На прашањето како ја коментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека целиот изборен процес имало нерегуларности и дали е тоа најава дека ВМРО-ДПМНЕ може да не ги признае резултатите, Кирацовски изјави дека по една деценија имаше навистина фер и демократски избори во Македонија и дека ако Груевски имал индиции за нерегуларности, требало да ги соопшти. Дали ќе ги признае или не изборите ВМРО-ДПМНЕ, остави на таа партија да соопшти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски