Спасовски: Изборите поминаа без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, приведени се 10 лица

Од:

Проценката на оперативниот штаб е дека изборите поминаа во најдобар ред со неколку помали инциденти – како задоцнето отварање на гласачките места, како и обиди за фотографирање на гласачките ливчиња, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференцијата по затварањето на избирачките места.

Според Спасовски, полицијата поднела 46 пријави по разни основи – за поткуп на гласачи, носење на гласачи, фотографирање на гласачките ливчиња, но и гласање во туѓо име.

-За време на денешните локални избори регистриран е и застој и прекини во гласањето на неколку гласачки места, во времетраење од 10 до 15 минути, рече Спасовски.

Министерот информираше дека се приведени 10 лица поради фотографирање на гласачките ливчиња и тоа во Скопје, Струмица, Центар Жупа, и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Приведено е и едно лице во Скопје за неовластено снимање.

Како што веќе информираше МВР, во два случаи – едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци – се приведени две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка, која е повикана на разговор во ПО Мирковци, а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело – “злоупотреба на избирачко право“.

-На изборниот ден МВР целосно беше ставено во служба на граѓаните, задача на МВР беше да обезбедат услови граѓаните да можат слободно и без притисоци да го остварат своето право на глас“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ