(ВИДЕО) Андов: За Град Скопје не знам, но во Карпош се ќе се заврши уште во првиот круг

Од:

Првиот претседател на Собранието по осамостојувањето на Република Македонија, Стојан Андов, денеска излезе да го даде својот глас за еден од кандидатите за градоначалник на Град Скопје и општината Карпош каде и живее.

Во изјава за А1он, Андов рече дека после овие локални избори очекува работите да тргнат на подобро како и дека општина Карпош уште вечерва ќе добие нов градоначалник, односно дека нема да има втор круг во оваа општина.

-Очекувам промени на подобро, и мислам дека ќе се постигнат. За драстични промени ќе треба повеќе време, но во секој случај со овие избори треба да тргнеме напред. За Град Скопје не знам, но за општина Карпош мислам дека се ќе се заврши уште во првиот круг, да не одиме уште еднаш доволно е, вели Андов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста

Почина Стојан Андов

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он