Народен правобранител: Телефонски линии за повреда на избирачкото право

Од:

Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од Локалните избори 2017, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во Канцеларијата во Скопје на 02 3129-327 и 02 3129-367, во Битола на 047 242-310, во Кичево на 045 228-586, во Куманово на 031 431-488, во Струмица на 034 329-996, во Тетово на 044 344-082 и во Штип на 032 389-701.

Народниот правобранител Иџет Мемети во соопштението до медиумите ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

Во Македонија има околу 400 „невидливи лица“