М.С. од село Корешница, демиркаписко во полициската станица во Неготино пријавил дека неговиот соселанец С.Б. му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија.
Во врска со пријавениот настан, во Полициска станица Неготино заради прибирање на информации се повикани неколку лица и за истото се известени јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Велес, кои дале насоки по комплетирање на случајот да се поднесе соодветен поднесок до Основно јавно обвинителство Велес со целокупната документација.