Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за „храбрата одлука“ да не потврди дека Иран се придржува до меѓународниот нукеларен договор.
– Тој смело се спротивстави на терористичкиот режим на Иран. Доколку договорот со Иран остане непроменет, една работа е апсолутно јасна, за неколку години најистакнатиот светски терористички режим ќе има арсенал од нуклеарно оружје, нагласи Нетанјаху, оценувајќи дека тоа е „огромна опасност за иднината на сите“.
Израелскиот премиер, исто така истакна, дека Трамп создал „можност да се поправи лошиот договор и да се уназади иранската агресија, спротивставувајќи се на неговата поддршка за тероризмот“.
– Поради тоа Израел ја поддржува таа можност, посочи Нетанхају.
Кабинетот на израелскиот премиер претходно соопшти, дека државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, остварил телефонски разговор со Нетанхају, при што го известил за деталите од новата американска стратегија за Иран.