Израел и Саудиска Арабија задоволни од новиот однос на САД кон Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да не го потврди договорот за нуклеарната програма на Иран, на кој отворено се спротиставуваше уште од неговото постигнување во 2015 година.

– Му честитам на претседателот Трамп на неговата денешна храбра одлука. Тој храбро се спротивстави на иранскиот терористички режим, изјави Нетанјаху во видео-порака, објавена на англиски јазик.

Само неколку минути откако Трамп најави нова и построга американска политика кон Иран, Нетанјаху оцени дека доколку не се измени договорот со Иран, тогаш за неколку години, „најголемиот терористички режим во светот“ ќе има арсенал нуклеарно оружје.

Саудиска Арабија исто така ја поздрави новата политика на Трамп кон Иран, како можност за промена на нуклеарниот договор и однесувањето на Иран во блискоисточниот регион, се наведува во денешното официјално соопштение од Џеда.

Саудиска Арабија оцени дека Иран ги искористил дополнителните финансиски приходи за поддршка на либанската група Хезболах и милициите на Хутите во Јемен.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа