ДПА одржа завршен митинг во Лојане

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва ја заврши предизборната кампања за локалните избори со митинг во Лојане, Липково.

Пред активистите и симпатизерите на ДПА се обратија Орхан Ибрахими, шеф на централниот изборен штаб на партијата, Рагми Јусуфи, носител на листата на советници, како и кандидатот за градоначалник за Липково Бардил Дестани, кои ги претставија програмата и понудата на ДПА, што предвидува вистински развој во оваа општина, која како што се вели, е занемарена од власта.

На присутните на митингот им се обрати и претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој меѓу другото потенцира дека албанскиот народ на овие избори треба да даде силна порака дека веќе нема да дозволи албанското прашање да биде заложник на разните манипулативни комбинаторики.

– За мизеријава што ви ја донесе ДУИ сите овие 15 години, Албанците во Куманово, на овие избори треба да го казнат силно Али Ахмети и неговата партија, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ