Прва заедничка воена вежба во Босна, поддржана од НАТО

Од:

Мировните сили на ЕУ во Босна (ЕУФОР) и локалната армија и полиција учествуваат во прва заедничка вежба во Босна, поддржана од НАТО.

Вежбата, наречена „Брз одговор 2017“ вклучува сценарио на евакуација на повредени со воен хеликоптер при полициска рација против терористи, кои држат заложници на аеродромот во Сараево, пружање помош на населението при големи поплави, протести и друго.

– Ова беше реална вежба и можност да демонстрираме дека имаме способност, сила и решителност да одговориме брзо и ефикасно на секоја безбедносна закана, изјави босанскиот министер за одбрана Драган Мектиќ.

Петдневната вежба, во која учествуваат 600 членови на ЕУФОР и 400 британски и НАТО војници, вклучува и надгледување големи региони во Босна.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството