Средба Иванов-Ванг Чао за билатералната соработка меѓу Македонија и Кина

Од:

Ѓорге Иванов денеска се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Народна Република Кина Ванг Чао.

Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на Иванов, го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог и зголемената динамика на средби на високо ниво, како и позитивниот развој на севкупната билатерална соработка меѓу Република Македонија и НР Кина.

– Јакнењето и унапредувањето на искреното партнерство со Кина е трајна определба на нашата надворешна политика, истакнал претседателот Иванов, изразувајќи особено задоволство од процесот на соработка меѓу НР Кина и земјите на Централноисточна Европа 16+1 и конкретните иницијативи и активности кои произлегуваат од овој процес.

Македонскиот претседател изразил поддршка за глобалниот кинески проект – „Патот на свилата“ и иницијативата „Еден појас, еден пат“, посочувајќи дека оваа иницијатива отвора сериозни перспективи за нови трговски патишта и зголемени инвестиции, како и нова димензија во односите и економската соработка со НР Кина. Во таа насока, претседателот Иванов го реафирмирал интересот за натамошно вклучување на Република Македонија во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од овој процес.

Заменик-министерот за надворешни работи Ванг Чао ја пренел поканата од кинескиот претседател Си Џипинг за посета на претседателот Иванов на Народна Република Кина по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата со заменик-министерот за надворешни работи Ванг Чао, македонскиот претседател се заблагодарил за севкупната техничката помош од НР Кина за проекти од различни области и го поздравил потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа за формирање на Координативен центар за културна соработка со седиште во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски