Каде не носи и извлекува лотаријата на животот?
Угледниот „Економист“ ги објави истражувањата на сестринската фирма Economist Intelligence Unit (EIU).
Направени се истражувања која земја ќе ги обезбеди најдобрите можности за здрав, безбеден и просперитетен живот во наредните години.
И меѓу 80-те земји, каде е најдобро да се роди дете во 2013-та, ја нема никаде Република Македонија. И покрај сите убедувања дека сме инвестициско „Елдорадо“, држава без криминал и корпуција, држава со здрави институции, дека животната средина ни е незагадена, да се форсира многу-детно семејство, изгледа експертите не не перцепираат така. На листата се сите наши соседи, речиси сите поранешни југословенски републики, тука е и Грција, некои подоле, некои поголе на листата, но не и Македонија.
Место има дури и за Нигерија, која е последна, потоа за Шри Ланка, Бангладеш, Украина, Јужна Африја, Кенија.
Според листата во 2013-та најдобро е дете да се роди во Швајцарија, потоа Австралија, Норвешка, Шведска.
Во предвид се земени резултатите од субјективниот живот. Задоволството да се биде богат помага повеќе од било што друго, но тоа не е сè , значајно е и степенот на криминал во земјата, довербата во јавните институции и здравјето. Индексот се добива со 11 статистички значајни показатели.