(ВИДЕО) Петровска: Нови вредности во битолската локална самоуправа

Од:

Како нова локална самоуправа ќе направиме нови вредности, најави кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата, Наташа Петровска.

Tаа повика на масовно гласање во недела и поддршка за неа како кандидат за градоначалник, како и за кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата.

– Ќе ги уредиме улиците во Битола, велосипедски патеки ќе станат реалност, сакаме да има организиран сообраќај, да имаме уредени училишта, детски градинки и згрижени стари лица. Ќе ги реконструираме месните заедници, ќе имаме почиста Битола со почист воздух. Но, за да сето тоа го имаме, в недела на 15 октомври треба масовно да гласаме и сите да го заокружиме бројот 19 за нов градоначалник, за членовите на општинскиот Совет. В недела во 19 часот по затворањето на гласачките кутии најбројната бројка да биде бројот 19, кој донесува живот во Битола за сите, порача Петровска.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори