„Се наоѓаме на два дена до изборите. Пред нас се историски важни избори од кои зависи иднината на Крива Паланка и нејзините граѓани.
Сега е моментот, промената да ја направиме целосна.
Гласот во недела е исклучително важен бидејки на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат едно подобро утре за сите граѓани, промени на просперитет и благосостојба. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да си ја осигураме иднината и да ги задржиме и вратиме младите тука со нас, промени да обезбедиме вработување и пристојни плати за сите.
Во недела гласаме за гасификација, нов градски плоштад, нов затворен градски пазар, дислокација на депонијата од с.Конопница, нови улици, поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица и Трговиште, Р. Србија, решавање на проблемот со паркинг просторот и многу други проекти во интерес на сите граѓани.
Само од вас и од никој друг зависи во каква Крива Паланка сакате да живеете.
Ве повикувам во недела на 15-ти октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за да ја заокружиме промената за подобар живот на сите граѓани.
ЗА ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата.