Дваесетина затруени во кујната на Советот на Европа

Од:

Во кујната на Советот на ЕУ во Брисел денеска се затруле 15 до 20 лица, јавија локалните медиуми, нагласувајќи дека се работи за првични информации.

Под засега нејасни услови, во кујната „неправилно биле измешани производи“ што довело до ослободување на отровни гасови. Според очевидци, на лице место се испратени повеќе возила на Брза помош и ситуацијата е под контрола.

Петмина од затруените се пренесени в болница.

Инцидентот се случил во постарата зграда на Советот „Јустус Липсиус“. Со мензата во овој објект стопанисува приватна компанија, која служи меѓународни делегации и сите посетители на комплексот, вклучувајќи ја и новоотворената зграда „Европа“.

Од почетокот на годинава во „Европа“ заседаваат претседатели, премиерите и министрите од ЕУ. Следната недела во комплексот ќе се одржи редовниот состанок на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски