Сместен во шармантниот кварт Баб Дукала во Маракеш, Мароко, хотел бутикот Риад Ноар Д’Ивоар е вистинско место од бајките, кое го воодушевува секој што ќе го посети…
Спојувајќи го луксузот и раскошот, деветте тивки гостински соби Ви овозможуваат да искусите сосем поинаква страна на Маракеш. Во понудите спаѓаат и спа-центар, ресторан и бар.
А, надвор Ве мамат аромите на локалната храна и специфичните зачини.
Хотелот се наоѓа во прилично тивка улица, така што одморот е загарантиран – во секоја смисла на зборот.