Марин и Спасовски во Горно Лисиче: Граѓаните ќе добијат функционаална фекална и атмосферска канализција и субвенции за еколошки огрев

Од:

Кандидатот за градоначалник на Аеродром Златко Марин и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера беа на средби со граѓаните на Горно Лисиче.

Марин ги презентираше проектите и плановите предвидени во програмата за Горно Лисиче, каде во фокусот се големи инфраструктурни зафати.

„Горно Лисиче ќе добие функционална фекална и атмосферска канализација која е децениски проблем за граѓаните. Веднаш по изборите ќе го објавиме и планот за реконструкција на улиците кои се во многу лоша состојба. Ветувам инвестиции еднакво за сите граѓани, секаде во општината. Заврши времето на дискриминација“, рече кандидатот за градоначалник на Аеродром, Марин.

Марин вети и иградба на детско игралиште како и реконструкција на постојното фудбалско игралиште. Спасовски истакна дека владата со новиот буџет ќе издвои големи средства за субвенции за еколошки огрев и печки за жителите на Скопје.

„Време е да вложуваме и да ги поддржуваме граѓаните, а парите да ги насочиме кон нив. Со новиот буџет, владата ќе издвои средства за целосно субвенционирање на печки за огрев и еколошки огрев. Со ова ќе ги намалиме вашите трошоци и ќе го подобриме квалитетот на воздухот“, истакна Спасовски.

Граѓаните на министерот му се пожалија дека немаа сообраќајна сигнализација на улиците и на железничката пруги, а Спасовски им вети поставување на целосна сообраќајна сигнализација веднаш по изборите.

Денеска Златко Марин продолжува со средби во Три Бисери.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ