А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за багателни цени ги презема најголемите фабрики

by А1он13/10/2017 - 09:0413/10/2017 - 09:41167
Share0

„СДС повторно го врати криминалот и непотизмот како начин на владеење во Македонија и за само 4 месеци го покажа своето вистинско лице.

Добивај вести на вибер

Низа скандали поврзани со самиот врв на власта беа обележје на начинот на управување на СДС изминативе 4 месеци.

Зоран Заев на најбеозбразен начин, без тронка срам и обѕир посегна по најголемите фабрики кои за багателни цени ги превзема со помош на неговата фамилија. Текстилниот гигант „Герас Цунев“ беше купен за само 20.000 евра од неговиот прв братучед Трајче Заев, со тоа Заеви се стекнаа со сопственост на 22% од фирма која има над 7.000 м2 атрактивен индустриски и деловен простор. За тие пари сите останати граѓани на Република Македонија можат да си купат само гарсониера од 25м2 и ништо повеќе.

Тендерашот мултимилионер Кочо Анѓушев користејќи ја позицијата на вицепремиер во владата на СДС за својата фирма обезбеди работа за увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра, која мораше да биде поништена бидејќи на народот му стана јасно за чии интереси работи власта на СДС. Тоа не му беше доволно па своето влијание сака да го искористи за да помине точка на владата со која ќе се овозможи укинување на царина за увоз на литиум-јонски акумулатори кои ги користи неговата фирма „Брако“ за производство на електрични возила и на тој начин дополнително да си го зголеми личното богатство за неколку милиони евра. Покрај тоа го прекрши законот само за да може непречено и побрзо да ја изгради хидроелекраната „Тополка“.

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е класичен пример за злоупотреба на позиција за поставување на свои блиски пријатели и роднини на високи функции, а самиот тој се постави како член на борд на директори во Телеком со месечен хонорар од 500 евра. Овој пример за непотизам го следат и други функционери на власта.

Граѓаните ги препознаа намерите на Заев и неговата криминална банда и затоа на 15-ти октомври ќе го тргнат ова помрачување и повторно ќе ја пуштат светлината во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneZaev

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто