Арсенал освои само бод на гостувањето кај Саутемптон

Од:

Екипата на Арсенал иако важеше за фаворит, не успеа да победи на гостувањето кај Саутемптон. „Топџиите“ на последниот вчерашен дуел од 21.коло во Премиер лигата одиграа нерешено 1:1 со екипа од долниот дел на табелата и ја прекинаа серијата од четири победи во низа.

За разлика од Арсенал, лидерот на табелата, тимот на Манчестер Јунајтед и шампионот Манчестер Сити со победи ја започнаа 2013 година и останаа на истата бодовна разлика на врвот на табелата и по натпреварите од 21.коло.

Постигнати резултати на седумте досега завршени натпревари од 21.коло во Англиското фудбалско првенство: Манчестер Сити – Стоук 3:0, Виган – Манчестер Јунајтед 0:4, ВБА – Фулам 1:2, Тотенхем – Рединг 3:1, Вест Хем – Норвич 2:1 и Свонси – Астон Вила 2:2, Саутемптон – Арсенал 1:1.

Денеска на програмата се натпреварите: Челзи – Квинс Парк Ренџерс, Ливерпул – Сандерленд и Њукасл – Евертон.

Табела: Манчестер Јунајтед 52 бодови, Манчестер Сити 45, Тотенхем 39, Челзи 38 (-2 натпревара), Арсенал 34 (-1), Евертон 33 (-1), ВБА 33,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска