(ВИДЕО) Георгиевски: Да гласаме за бројот 19, кој носи живот за сите во Гази Баба

Од:

„Почитувани граѓани, полека изминуваат последните 2 дена од изборната кампања. Во изминатиов период ги посетивме сите населени места во општина Гази Баба, го презентиравме нашиот план за живот за сите, но и ги слушавме предлозите на нашите граѓани.

Заедничкиот заклучок е дека во изминатите 12 години општината е водена од неодговорни луѓе чија единствена цел биле тесно партиски интереси.

Дојде време ова да го промениме затоа што граѓаните заслужуваат локална власт која ќе работи транспарентно, посветено и одговорно.

Гази Баба заслужува нови училишта и градинки, заслужува еколошки чиста животна средина и квалитетни инфраструктурни објекти. Заслужува и во најбрз период да биде гасифицирана, но и да овозможи услови за нови и добро платени работни места.

Новата локална власт домаќински ќе управува со буџетот и ќе ги враќа парите кон граѓаните.

Почитувани, јас и мојот тим одговорно и отворено ја бараме вашата поддршка во недела.

Поддршката за бројот 19 ќе значи отворање на патот кон изградба на општина со модерни карактеристики.

Општина услужна и отворена за сите.

Затоа ве повикувам да го поддржиме бројот 19 за живот во Гази Баба за сите“, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ