(ВИДЕО) Петровска: Интензивна соработка со стопанскиот сектор

Од:

Политиките може да бидат успешни доколку навистина се сака парите да се насочат кон граѓаните, а таков е примерот со донесениот Закон за најниска плата од 12.000 денари што го донесе Владата на СДСМ и Коалицијата во соработка со стопанствениците, истакна кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска.

– За успешни политики потребен е контактот со стопанствениците каков што во изминативе денови и денеска остваривме, и притоа воочивме дека сите имаат еден ист проблем, а тоа е лошата инфраструктура за која општината имала обврска во минатите години да ја решава, за да ги подобри условите за работа и развој на стопанскиот сектор. Ние ќе ги решиме проблемите на стопанствениците со т.н. индустриски пат кој освен за нивниот бизнис е значаен и за голем дел од транспортерите кои во иднина повеќе ќе го користат, истакна Петровска.

Додаде дека тоа ќе овозможи да се растовари сообраќајот во централното гратско подрачје и најави дека нивната соработка со стопанскиот сектор како нова локална самоуправа ќе се интезивира.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски