„Граѓаните на Општина Дебарца заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби.
Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Дебарца. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Дебарца.
Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, ќе си стоиме на зборот и ќе го исполниме.
Во продолжение ќе споменам само дел од проектите од мојата програма:
-Изградба на пумпна станица за снабдување со вода за селата Орoвник, Горенци, Требеништа и Волино
-Изградба на канализациона мрежа во Велмеј.
-Изградба на канализациона мрежа во Лешани.
-Изградба на канализациона мрежа во Требеништа.
-Изградба на канализациона мрежа во Волино.
-Изградба на плоштади во селата Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино, Ботун, Злести, Белчишта, Лешани и Велмеј.
-Реконструкција на локален пат Злести – Белчишта.
-Реконструкција на постоечки објект стар Интернат во Село Белчишта со пренамена во Етно Музеј и Музеј за „Белчишко Блато“.
-Реконструкција на водоводната мрежа Мешеишта.
-Изградба на локален пат, паркинг простор, видиковци и пешачки патеки за локалитет Сини Вирој, с. Белчишта.
-Ќе започнеме со асфалтирање на повеќе улици низ сите населени места во општината. Ќе се трудиме да нема неасфалтирана улица во Дебарца
-Заради обезбедување подобри и поквалитетни просторни услови за одвивање на наставниот процес ќе ги реконструираме училишните згради во Оровник, Требеништа, Волино, Мешеишта, Ботун, Белчишта, Издеглавје, Лешани и Велмеј.
Вербата помеѓу нас е вистинскиот пат за реализација, детално сме запознаени со остатокот од проблемите и истите во од ќе ги решаваме, бидејќи тоа е наша должност. Направивме многу, но ќе направиме уште многу повеќе.
Нашето ново мото секогаш работа е всушност наша досегашна пракса. Затоа никој повеќе во Дебарца не се сомнева дека жителите ќе ја дадат довербата за број 13, бидејќи со заокружување на овој број се заокружува за реализација на секој потребен потфат, онака како што доликува на сериозна политичка партија и сериозен Градоначалник, ветено, реализирано и отчетно“, изјави Игор Трајковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Дебарца.