(ВИДЕО) Стаменковска: СДС ги приватизираше во криминална транзиција претпријатијата кои беа синоним за Градот Скопје

Од:

„СДС ги приватизираше во матна и криминална транзиција претпријатијата кои беа синоним за Градот Скопје. Скопски пазар, топлификација и многу други.

Таквата криминална продажба се случи и со фармацевскиот гигант „Градски Аптеки“, каде имотот отиде кај сопствениците на веледрогериите блиски до СДС.

Тогашната влада на СДС водејќи се од крајно лукративни прични и без никаква економска оправданост, донесе одлука и да го продаде фармацевскиот гигант „Градски Аптеки“ кое имаше преку 40 аптеки во нивна сопственост на атрактивни локации низ градот, за багателна цена.

Криминалната продажба на „Градски Аптеки“, заврши со масовни отпуштања на вработените во овој фармацевтски гигант, а со милионски профити за веледрогериите кои станаа негови сопственици.

Денес истите луѓе кои донесоа затворање на градски аптеки ветуваат живот во Скопје. Тие значат криминал, грабеж и незаконие во Град Скопје.

Граѓаните нема да дозволат криминалната приватизација и пустош кој СДС го остави во минатото, повторно да се случи.

Времето на лагите и празните ветувања заврши“, изјави Невенка Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните