Дочекот на плоштадот во Охрид чинеше 5.000 евра

Од:

Преубавиот дочек на Новата 2013-та година на охридскиот плоштад, на кој присуствуваа над 10.000 посетители, во организација на локалната самоуправа Охрид, општинската каса ја чинеше 5.000 евра.

Во овие 5.000 евра вкалкурирани се сите естрадни уметници кои настапуваа, озвучението, осветлувањето како и преубавиот огномет и обезбедувањето.

За разлика од другите општини кои се расфрлаа со народните пари и кадее дочеците на плоштадите ги чинат граѓаните од 50.000 до 100.000 евра, охридскиот градоначалнк, повторно им покажа и докажа дека за мала сума може да се приреди прекрасен дочек.

Залудни беа сите оние критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, кој обвинуваа дека ваков дочек со олкави мали средства на Охрид не му доликува и дека ќе биде неуспешен.

Охрид благодарение на добрата презентација на Локалната самоуправа за новогодишните празници е преполн.

Во сите хотели се бараше место повеќе, угостистелските работници се презадоволни.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски