Изградба на нов водовод во село Псача, изградба на водоводна мрежа во село Милутинци и стариот дел на село Гиновце, најави независниот кандидат за градоначалник на општина Ранковце поддржан од коалицијата предводена од СДСМ.
– Ќе асфалтираме поголем дел улици и локални патишта во населените места Радибуш, Ранковце, Љубинци, Петралица, Гиновце, Псача, како и целосна реконструкција на патот од село Одрено-Опила до место викано Мала Каваклија, кон Ранковце. Ќе направиме нов водовод во село Псача, како и во стариот дел на Гиновце и Милутинци, рече Тошевски.
Како еден од приоритетите најави и изградба на спортски терени и детски игралишта за подобрување на животот на најмалите жители на општината.
– Со мојата програма за наредните четири години во општина Ранковце е планирана изградба на детска градинка, која е повеќе од потребна и воведување двосменско работење, додаде Тошевски.