(ВИДЕО) Мержаноски: Тарчуловски признава дека ги дискриминира граѓаните

Од:

На видеото пред малку можевме да се увериме како кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски го замислува управувањето со општината и како преку лажни ветувања ги уценува граѓаните за гласови, рече Сашо Мержаноски, дел од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски.

– Тарчуловски, јавно и без срам кажа дека се кандидира само за да ги дели и дискриминира граѓаните. Тарчуловски ќе работи само онаму каде што гласале за него, а другите ќе ги игнорирал оти немале заслужено. Тарчуловски призна дека за граѓаните на Црниче и Пржино нема канализации, улици и водоводи затоа што немало да гласаат за него. Ова е удар врз граѓаните од Тарлуловски, кој е човек кој дели и се одмаздува, рече Мержаноски.

Тој додаде дека ваквиот став на Тарчуловски е само уште еден доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ функционираше и дека се уште е заробено во старата ера. Според Мержаноски ВМРО-ДПМНЕ и Тарчуловски не само што не можат да излезат од политиките на поделби, протекции и непотизам, туку отворено кажуваат дека така и ќе продолжат.

– Кисела Вода ќе ги казни дискриминаторските ставови и политиката на поделби на Тарчуловски и ќе избере промени и нова локална власт предводена од СДСМ. Затоа, на 15 октомври да излеземе масовно и да гласаме за број 19, за кандидатот и советничката листа на СДСМ кои ќе работат во интерес на сите граѓани, ќе обединуваат, а нема да делат. Да ставиме крај на поделбите, уцените и заканите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и да избереме живот во Кисела Вода, рече Мержаноски.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда