Ѓорѓиевски најавува изградба на спорстко-рекреативен центар во Студена Вода

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски и кандидатите за советници, денеска од локалитетот Студена Вода најавија изградба на спорстко-рекреативен центар.

– Посебно ми е чест што на овој ден, од оваа локалција од каде тргна Козјачкиот партизански одред, ќе го најавиме нашиот топ проект за локалните избори 2017, спортско-рекреативниот центар „Студена вода“. Проектот предвидува повеќе активности. Првата е реконструкција на овој споменик, бидејќи, овој датум е многу битен за Куманово. Овој споменик кој е запоставен од претходната локална власт ќе изгледа достоинствено, за да ги потсетува кумановци на времето што поминало и на луѓето кои ги дадоа животите за слободно Куманово, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот, додаде, ќе се реализира на десет хектари површина на кои ќе се изградат мултифункционални игралишта, стази за пешачење, велосипедски стази, стази за болни од срцеви заболувања и угостителски објекти, а ќе се постави и осветлување на терените.

– Шумскиот дел кој е 25 хектари, ќе биде максимално искористен за кумановци да имаат чист воздух, нешто што го посакуваат во последните години, додаде Ѓорѓиевски.

Нагалси дека во програмата за младите и спортот е предвидена логистика и помош за сите масовни спортски организации во Куманово, за училишниот спорт, школска олимпијата, бизнис лигата.

– Сите клубови кои ќе имаат префикс Куманово ќе бидат спонзорирани и помогнати заради омасовување на спортот во општината, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ