„исправени сме пред конечната одлука на 15 ти октомври. Одлука која го отвора патот кон една слободна, современа и напредна општина. Гази Баба и нејзините граѓани заслужуваат одговорна, отворена и услужна локална власт.
Денес е 11 октомври денот кога пред 76 години македонскиот народ го крена својот глас за слобода. Ден на кој се сеќаваме, а во чест на борците се поклонуваме. Тие се оние кои треба да бидат пример за тоа како се сака и почитува слободата и правдата.
Почитувани, време е на еден достоинствен начин да се избориме и за животот, слободата и напредокот во општина Гази Баба.
Со крената глава да ги заокружиме промените на локално онака како што се случија и на централно ниво.
Да го отвориме патот на соработка со граѓаните, почитувањето и одговорноста затоа што само така ќе го отвориме и патот на нашата заедничка и поубава иднина.
Јас и мојот тим одговорно се обврзавме и презентиравме дека имаме план за живот на сите граѓани. Дека со поддршка на бројот 19 ќе ги донесеме промените и дека од Гази Баба од маргинализирана ќе создадеме општина за пример во Република Македонија“, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.