(ВИДЕО) Стефаноски: Оливер Спасовски го претвори министерството за внатрешни работи во партиски штаб на СДС

Од:

„Злоупотребата на државните институции од страна на СДС во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема и помасовна. Одвоеност меѓу партијата и државата веќе не постои.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го претвори министерството во партиски штаб на СДС. Спасовски со обезбедување и службени возила оди по партиски настани и агитира по вратите на граѓаните. Неговите раководители наместо да работат по закон и да ги извршуваат задачите за кои добиваат плата, не се свртеле во канцелариите бидејќи се зафатени со митинзи и кампања.

Сите ресурси на Министерството се ставени во функција на предизборната кампања.

Советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДС. На вчерашниот пазарен ден во Ранковце, Стојанче Ангелов пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време. Советникот на Спасовски, Стојанче Ангелов, кој беше учесник во насилните протести на кои беше тепана македонската полиција, покрај иницирањето на насилство врз своите колеги сега ги злоупотребува функцијата и ресурсите во Министерството.

Заканите на Заев дека ќе јаде живи луѓе и ќе менува од чистачка до директор во сите институции веќе се спроведува. Министерството за внатрешни работи е целосно партизирано. Професионалците и професионализмот се истиснати од партиски послушници.

Затоа не е расчистен ниту еден инцидент и не се знаат вандалите кои оштетуваат штабови. Затоа Македонија станува крвава арена за криминални пресметки.

Ваквата однесување на СДС е незаконско. Ваквото однесување на СДС е знак дека се во паника од поразот што ги очекува. Злоупотребата на автомобили и ресурси на МВР нема да им помогне да се спасат од поразот. Казната ќе стигне во недела на 15-ти октомври“, изјави Милан Стефаноски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски