(ВИДЕО) Богдановиќ: Ќе ставам крај на урбаната мафија и дивеење

Од:

Саша Богдановиќ, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар најави крај на урбаната мафија и носење на плановите заедно со граѓаните.

„Со моето доаѓање за градоначалник на општина Центар најавувам КРАЈ на урбаната мафија и на урбаното дивеење.
Најпрво ќе извршиме ревизија на сите ДУП-ви кои тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги носеше тајно во раните утрински часови.

Сите планови ќе ги објавиме јавно и ќе ставиме мораториум за градба се до носење на планови според неопходните стандарди.Заедно со вас граѓани на Центар ќе ги изготвуваме урбанистичките решенија, бидејќи тие треба да се во ваш интерес, а не во интерес на некои моќници.

Ќе ја прекинеме практиката во секој нареден детален урбанистички план за Центар, без предходна анализа и попис на населението, да се зголемува дозволената висина на објектите.

Ќе забранам градежни активности во месеците кога се зголемува нивото на загадување. Во Центар приоритет ќе бидат граѓаните и хуманото живеење“, изјави Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината