Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) привремено го суспендираше членството на Пакистанската фудбалска федерација и му забрани на националниот тим и клубовите од земјата да играат меѓународни натпревари.
Причината за санкцијата е вмешаност на трети лица во федералните работи.
Во соопштението на ФИФА се наведува дека канцелариите и сметките на федерацијата се под контрола на администратор назначен од судот, што е спротивно на правилата на ФИФА.