Идеално телешко печење …
Потребно е:
2,5 кгтелешки пафлак
1 помала главица кромид
30 гр сланина
200 гр моркови
200 гр пашканат
1 лажица сенф
сол, бибер
за салатата:
100 гр рукола
2 лажици маслиново масло
2 лажици балсамиран оцет
сол по вкус
пармезан, исечен на тенки листови
чери домати
Подготовка:
– Ситно исецкајте ги кромидот, сланината, морковите и пашканатот.
– На неколку лажичиња маслиново масло испржете ги кромидот и сланината, а потоа додадете ги морковот и пашканатот. Динстајте со повремено додавање на малку вода додека да омекне зеленчукот. Посипете со сол и бибер. Оставете го на страна да се излади.
– Телешкото месо убаво посипете го со сол и бибер. Внатрешната страна премачкајте ја со сенф и распоредете го изладениот зеленчук.
– Месото внимателно замотајте го како ролат и заврзете го со кујнски конец.
– Во садот во кој ќе го печете месото сипете малку масло и вода да го покријат дното на садот и стравете го месото.
– Садот покријте го со капак или алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1,5 часа. Од време на време превртете го месото во садот и поливајте го сос сокот во кој што се пече. После 1,5 часа тргнете ја фолијата или капакот и оставете да за запече уште 30-45 минути.
– Кога месото че биде печено извадете го од рерна и оставете малку да се излади. Потоа исечете го на парчиња и послужете.
– Додека се пече месото подгответе ја салатата. Руколата убаво измијте ја. Во посебен сад измешајте ги маслото, оцедот и солта и со ова прелијте ја руколата. Измешајте и одозгора посипете со листови пармезан и чери домати исечени на половинки.