(ВИДЕО) Спасовски од Босилово: Со успешни општини ќе имаме и успешна Македонија, создаваме пристојни услови за живот за сите

Од:

Програмата на СДСМ за локалните избори ги опфаќа сите барања и потреби на граѓаните во Република Македонија. Во сите општини значајно е да се градат нови проекти по план, да има чиста вода и здрава животна средина и што повеќе пари кај граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на вчерашното обраќање пред граѓаните во општина Босилово.

„Се обврзуваме секаде во Македонија да градиме по план. Онаму каде што е потребно да градиме канализациски мрежи, детски градинки, училишта и да создаваме услови за пристојни услови за живот. Ќе сториме се за што повеќе пари да се вратат кај граѓаните, за да имаме богати семејства. Ако имаме побогати семејства ќе имаме и побогати и поуспешни општини, а ако успеат општините, тоа значи дека и Македонија ќе биде успешна“, порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски порача дека главен императив на СДСМ и Владата предводена од СДСМ е секаде да има здрава животна средина и здрава вода за пиење и го повтори ставот за отворање на рудници во општина Босилово.

„Како Влада, ќе го поддржиме идниот градоначалник на Босилово во напорите да не дозволи да се отворат рудници и да се уништи животната средина. Здравје за сите, затоа што здравјето на граѓаните е најважно“, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ