Форум на кандидатите за градоначалник на општина Сарај

Од:

Буџетска транспарентност, вклучување на граѓаните во работата на општината и општинскиот совет, процесите на вработување, јавните набавки, соработка со невладиниот сектор и други засегнати чинители, како и генерално, целосната транспарентност на општинското работење, беа дел од темите на денешниот форум меѓу кандидатите за градоначалник од општина Сарај: Сефедин Алиу од ДПА, Екрем Алија од Алијансата на Албанците и Башким Бакиу од БЕСА.

На настанот организиран од ЗИП Институт, со поддршка од Цивика Мобилитас, беше поканет и кандидатот Блерим Беџети од ДУИ, но тој не присуствувал.

Кандидатите, информираат од ЗИП Институтот, говореа за нивните ветувања во однос на општинската транспарентност и отчетност, како на пример објавување на трошоците на општината на транспарентен начин, на функционален он-лајн портал на општината, креирање на платформа со отворен ден за граѓаните, можности за соработка со НВО секторот преку вклучување на организациите во советот на општината и слично. Се зборуваше и за департизирање на процесите на вработување, како и поголема транспарентност во однос на јавните набавки во општините и институциите под општините, како на пример училиштата и градинките.

Публиката поставуваше прашања за интеграцијата на етничките заедници, односно општествената кохезија во општина Сарај, работата на комисијата за односи меѓу заедниците, еколошкиот развој, со посебен акцент на Матка и езерото Треска, образованието, вклученоста на жените во работата на општината, како и проблематики поврзани со инфраструктурата во Сарај, соопшти ЗИП Институт.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ