Шекеринска: Министерството за одбрана прави план за подобрување на условите во касарните

Од:

Министерството за одбрана изработува план за реконструкција на најприоритетните објекти на АРМ кои се во лоша состојба, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска при посетата на касарната во Штип.

Според неа, не може во исто време сите објектите да се реконструираат, но комисијата која направила увид во објектите треба да даде план каде е најприоритетно да почне реновирањето.

-Сега во тек е изработка на приоритети, таму каде што има повеќе војска, таму каде што имаме полоши услови, таму прво ќе реагираме. Во овој момент во тек е реконструкција на некои помали објекти, помали зафати. Меѓутоа целта ќе ни биде 2018 година да почнеме со стабилизација на состојбите во армијата. Што значи тоа, да се знае која година, кој објект ќе биде реновиран или реконструиран да се подобрат условите за работа, рече Шекеринска.

Таа забележа дека токму за лошите услови во објектите на армијата ќе предложи да се побара и дискусија во собраниската Комисија за безбедност.

– Ние сега ги гледаме последиците на тоа дека буџетот на одбрана од 2007 година оди надолу и извесно време можеби тоа не било видливо, но после повеќе години навистина проблемите се бројни. Овде во штипската касарна е проблем со вода, во Илинден исто така го имаме проблемот со голема потрошувачка на вода заради загуби. Системите за греење исто така се многу застарени. Клучната работа е дека нема да можеме се да решиме, но можеме да направиме точен и јасен план, на кој што ќе се држиме, рече Шеќеринска.

Прашана дали надоместоците на припадните на АРМ се исплаќаат, Шеќеринска со став дека истите редовно се исплаќаат заостанатите обрвски, а отворено останува прашањето за исплата на Љублиејната награда, за оние припадници кои се повеќе од 15 години во АРМ.

-За жал тие пари во буџетот не беа проектирани. Почнуваме разговори со синдикатите, како да го решиме овој проблем. Меѓутоа ова велам е долгогодишен проблем, кој преку ноќ нема да може да го решиме. Затоа нашата цел беше да понудиме решение час поскоро за најголемиот проблем, а најголемиот проблем се редовните месечни примања на сите припадници на армијата. Не ни беше целта да направиме голем плус за една група, а да ги заборавиме другите. Сметавме дека е добро сите да добијат покачување на платата во износ од 10 проценти, вели Шеќеринска.

Прашана за неовластениот упад на британски државјанин во една од скопските касарни, кој денеска како настан е објавен во билтенот на МВР, Шеќеринска истакна дека во моментов не може да се споделуваат повеќе информации за овој случај.

-Воената полиција реагирала, а Министерството за внатрешни работи подготвува кривична пријава. Мислам дека ќе биде лошо, многу напред да трчаме со информации. Јавноста ќе ги добие сите информации, штом ќе биде заокружена истрагата, нагласи Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната